28 Април, 2024
0.0252

Не останувај да работиш и после работно време: Заповеди на некогаш првиот човек на Индија

Објавено во: Стил 27 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

АПЈ Абдул Калам бил 11 претседател на Индија од 2002 до 2007. Тој по професија бил научник, студирал физика и авио инжинеринг, а подоцна влегол во политиката. Починал на 27 јули минатата година.

Ова се некои од неговите заподведи за работниот човек. Нека тоа биде потсетник што е најважно во животот, за сите кои често ја ставаат работата пред семејството и пријателите.

Сакај ја својата работа, но немој да ја сакаш компанијата бидејќи можеби нема да знаеш кога таа ќе престане да те сака тебе.

Работата е процес кој нема крај. Никогаш не може да се заврши.

Интересите на клиентот се важни, вашето семејство исто така. Ако заглавите во животот, помош нема да ви понуди ни шефот, ниту клиентите. Вашето семејство и пријатели ќе ви понудат.

Животот не се состои само во работата, клиентите и канцеларијата. Постои нешто повеќе. Потребно ви е време да се дружите, забавувате, опуштите и вежбате. Не дозволувајте животот да ви биде без смисла.

Личноста која останува до доцна во канцеларија не е вредна. Тој или таа е будала која не знае да управува со зададено време. Таа или тој не е компетентен за таа работа.

Не учевте во животот толку и не се боревте за да бидете машина.

Ако вашиот шеф ве тера да работите до доцна, можно е тој или таа да е нестручен и да живее живот без смисла.

clanak

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти