11 Мај, 2024
0.0252

Не се предлага комплетно изедначување на акцизата на екстралесното масло и дизелот

Објавено во: Економија 18 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата е оперативен орган и таа ги носи одлуките. Она што го прави Министерството за финансии заедно со Царинската управа се изготвување на сеопфатни анализи кои ќе не насочат кон носење на сеопфатна одлука во вакво кризно време, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на прашањето кога ќе се донесе одлука за зголемување на акцизата за горивата. 

„Минатата недела имавме состанок во кој беа вклучени и дел од стопанските комори, дел од претставниците на транспортните компании и Регулаторната комисија за енергетика. Сметаме дека има економска логика и оправданост, односно се создадени услови за носење на ваква одлука. Првиот основ е што светот се соочува со драстичен пад на цената на нафтата. Вториот резон е што акцизите се навистина значаен приход во буџетот, и во вакви услови на намалена потрошувачка и на затворен голем дел од економската активност, ние сметаме дека е оправдано. Исто така, ако се земе предвид цената на горивата во земјава, ќе се види дека таа е значително пониска споредено со сите земји од регионт, а и акцизата е исто така пониска“, рече Ангеловска.

Таа нагласи дека не се разговарало за мерка што ќе значи трајно зголемување на акцизата, туку за антикризна мерка која ќе биде за доброто на сите, односно да се надополни дупката во буџетот. 

„Оформени се модели според кои ако потоа дојде до раст на цените на нафтата на светските берзи, да се намали акцизата“, нагласи првата финансиерка.

И предлогот за изедначување на акцизата на екстралесното масло за домаќинствата со онаа на дизелот, бил вклучен во анализите. 

Има предлози акцизата на екстралесното да оди во нагорна линија, но предлозите не се за комплетно изедначување. Се работи за антикризна мерка, Владата ќе одлучи кога ова ќе го стави на дневен ред“, рече Ангеловска.  

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили