03 Мај, 2024
0.0286

Не запираат притисоците кон Агенцијата за медиуми поради изборниот мониторинг

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од Агенцијата за медиуми реагираат за зачестени притисоци после првичните изречени мерки за прекршувања на Изборниот законик.

Преку соопштение до јавноста од оваа институција укажуваат на обвинувања со кои се соочуваат образложувајќи дека Агенцијата се посочува како „цензор“, „приватизирана“, „партизирана“ „непрофесионална“, институција, без притоа да се води и најмалку сметка за фактичката состојба и регулативата којашто е на сила.  

Од Агенцијата велат дека им изрекуваат мерки на радиодифузерите коишто го прекршиле Изборниот законик, исклучиво по предлог на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, што значи дека Агенцијата не може да изрече мерка ако тоа не го предложи Привремената комисија.

Притоа, потенцираат дека е крајно непрофесионално радиодифузерите за коишто е покрената прекршочна постапка за изрекување мерка да ја инволвираат Агенцијата на каков било начин  во процесот на одлучување за изрекување мерка, дополнувајќи дека „Агенцијата својата работа секогаш ја вршела професионално, непристрасно и принципиелно и ќе продолжи да работи на истиот начин, без оглед на притисокот што се врши и врз регулаторот и врз вработените. Истото треба да го прават и медиумите и објективно да ја информираат својата публика за тековните настани и случувања, без притоа да и натураат ставови и мислења“.

За крај од Агенцијата за медиуми потсетуваат дека цензурата во Македонија е забранета со Уставот. 

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ