04 Мај, 2024
0.0289

Нечесно се води медиумска хајка против Маркеза Дооел Скопје: Ќе се гради семејна куќа и нема да се наруши зелениот појас, тврдат од компанијата

Објавено во: Македонија 25 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Друштвото Маркеза Дооел Скопје преку соопштение и се обраќа на јавноста и медиумите за конечно да се разјаснат сите невистини и погрешно претставени факти поврзани со изградбата на СЕМЕЈНА КУЌА на градежната парцела КП 1309/3 запишана во ИЛ бр.59840 на КО Центар 2 во сопственост на друштвото за кое истото има уредно одобрение за градење и платен надоместок за уредување на градежно земјиште, со кои невистини јавноста и медиумите во изминатиот период непотребно беа доведени во заблуда, а на нашето друштво секој ден му се нанесува огромна штета.

Градежната парцела КП 1309/3 запишана во ИЛ бр.59840 на КО Центар 2 друштвото Маркеза Дооел Скопје ја купи во септември 2020 година по пазарна вредност од 600.000 евра со договор за продажба од приватни сопственици физички лица, кои истата ја наследиле од своите родители, а на предметната парцела во минатото живееле нивните семејства и предци. Истото нема апсолутно никаква поврзаност со плацевите во околината за кои во моментот се водат судски постапки. Сосема случајно нашата градежна парцела се наоѓа во близина на парцелите со кои лажно се поврзува.

Јавноста треба да биде точно информирана дека парцелата која сега е во наша сопственост секогаш била приватна сопственост на лица кои немаат никаква врска ниту со политика, ниту пак некогаш имале спор со било кој од соседите. Претходните сопственици секогаш имале мирно владение на истата.

Жалиме што жителите на ул.Питу Гули со невистини ги доведуваат во заблуда и медиумите и целата јавност дека Маркеза Дооел Скопје превзема некакви незаконски дејствија кои се спротивни на јавниот интерес. Напротив, Маркеза Дооел Скопје има уредно одобрение за градење од 07.04.2021година кое е правосилно на ден 08.06.2021година и издадено во согласност со важечкиот Детален урбанистички план.

Против одобрението за градење никој не поднесе ни тужба за управен спор до Управниот суд, а одеднаш во јавноста почнаа да се пласираат невистини кои се сосема спротивни на фактите и сите материјални докази.

Маркеза Дооел Скопје е иницијатор да се зачува зеленилото кое му е многу потребно на Скопје заради заштита на животната средина, па на градежната парцела во согласност со чл.36 од Законот за урбано зеленило ќе изврши садење на соодветен број на дрва и зеленило, дури и многу поголем број од сега постоечкиот фонд што значи дека самоиницијативно ќе даде огромен придонес кон зголемување и згуснување на зелениот појас. Барањето за компензациско садење согласно чл.36 од Законот за урбано зеленило е поднесено до општина Центар, а во рамки на подготвителни дејствија за отпочнување на изградбата на семејната куќа. 

Во оваа прилика ги информираме медиумите дека дел од жителите на ул.Питу Гули, кои очигледно се најгласните иницијатори кои до медиумите пласираат невистини и ја доведуваат јавноста во заблуда, а на тој начин нечесно предизвикуваат медиумска хајка против Маркеза Дооел Скопје, се лица кои бесправно изградиле градби на државно земјиште кое лежи на КП 1310/2 за што општината Центар преку Секторот за инспекциски работи донесе решенија за отстранување на градбите.

Конкретно, лицето Милица Јуруковска, жител на ул.Питу Гули бр.37, бесправно изградила бетонски пристапни скали обложени со камен со димензија 3,5метри x 4метри и на тој начин противзаконски узурпирала земјиште во сопственост на РСМ заведено во ИЛ бр.55379 на КО Центар, што е видно од фотографијата во прилог.

Општината Центар со решение ИП1 бр.34-47 на ден 14.03.2022година издаде наредба со која Милица Јуруковска е задолжена да ја отстрани бесправно изградената градба- бетонски скали по кое решение до ден денес истата не постапила.

На ист начин и лицето Гордана Самоникова Митревска, жител на ул.Питу Гули бр.39 противзаконски узурпирала државно земјиште и го оградила државното земјиште со метална ограда и столбчиња и тоа во должина од 40 метри на западна страна и 30 метри на јужна страна. 

На приложените фотографии е фотографирано државното земјиште кое е узурпирано од Гордана Самоникова Митревска со бесправно поставена метална ограда во должина од 40метри од западна страна и 30 метри од јужна страна, на кое јасно се гледа дека се комплетно исечени сите дрвја и целото зеленило, односно е целосно уништена шумата за лични интереси и нелегално припојување кон приватни дворови на неколку моќни семејства кои живеат на ул.Питу Гули во Скопје. 

Иако за оваа ограда која е бесправно поставена општината издаде наредба за отстранување на истата, лицето Гордана Самоникова Митревска до денес не ја отстранила оградата, па истата го узурпира државното земјиште и го крши законот на штета на општината, државата и сите граѓани на кој им е попречен пристапот до бесправно оградениот дел кој се гледа на фотографиите.

Општина Центар на ден 03.03.2022година издала решение ИП1 бр.34-48 со наредба за лицето Гордана Самоникова Митревска да ја отстрани бесправно поставената ограда на државно земјиште, но до ден денес истата бесправно го користи државното земјиште.

И двете лица не ги почитуваат решенијата на општината и противправно го користат државното земјиште и на тој начин ни го попречуваат пристапот до парцелата во наша сопственост.

Анализирајќи ги сите овие факти за кои постојат материјални докази, очигледно е дека единствено Маркеза Дооел Скопје постапува законски, превзема дејствија согласно позитивните прописи, штитејќи ја животната средина со иницијатива за дополнително пошумување на која јавно ги повикува и сите соседи да ја поддржат, за разлика од наведените лица кои на површините на кои бесправно изградиле диви објекти и поставиле огради, одамна го уништиле зеленилото и дрвјата кои биле засадени на државното земјиште што покажува дека се првите кои не се грижат за животната средина, за заштитата на парк шумата Водно, а со сигурност останатите жители на ул.Питу Гули не знаат дека неколку моќни семејства со години бесправно користат државно земјиште во површина од околу 300м2 која на пазарот може да достигне вредност од 300.000евра

За сите наведени факти Маркеза Дооел Скопје поседува Геодетски елаборат, како и решенија за отстранување на градби на општина Центар во оригинал и истите се секогаш на располагање за увид на било кој медиум кој сака да пренесе вистински вести и информации до јавноста.

Никој не смее нетрпението кое соседите го покажуваат кон Маркеза Дооел Скопје бидејќи поради изградбата на нашиот објект очигледно истите ќе мораат да го вратат државното земјиште на кое бесправно изградиле и поставиле градби, да го нарекува уништување на Водно, или пак незаконско однесување бидејќи од доказите јасно се гледа дека единствено посочените лица постапуваат незаконски, а Маркеза Дооел Скопје се обидува да ги заштити своите сопственички права, непречено да може да гради на својот имот и да допринесе за зголемување на фондот на дрвја и зеленило. 

Јавноста и медиумите мора да ја знаат вистината за да се престане со пласирање на лажни вести од причини што Маркеза Дооел Скопје со изградба на објект семејна куќа нема да наруши ниту зелен појас, ниту ќе создаде свлечишта, ниту пак има врска со било кои плацеви на Водно за кои се водат судски постапки, туку напротив ќе гради СЕМЕЈНА КУЌА и во дворното место на истата ќе пошуми поголем фонд од постоечкиот и со тоа ќе допринесе за заштита на животната средина.

Маркеза Дооел Скопје е сопственик на градежна парцела на која ќе се гради СЕМЕЈНА КУЌА за домување со намена А0 и се придружува кон апелот до општината дека сите градби на Водно треба да имаат исклучиво намена А0, а во никој случај да не се дозволи градење на згради, големи објекти, хотели или било какви објекти со намена А1.

Апелираме до општина Центар итно да ги исполни своите обврски кон граѓаните кои уредно плаќаат комуналии и постапуваат согласно закон, па согласно своите надлежности да пристапи кон уредување на градежното земјиште заради овозможување на пристап до нашата градежна парцела.

Во исто време инсистираме најитно да се пристапи кон отстранување на диво изградените градби на Водно и отстранување на оградата со која е заградено земјиштето на Водно кое им припаѓа на сите граѓани на оваа држава, а им е оневозможен пристап, за предметното узурпирано земјиште да може итно да биде пошумено и на тој начин да подобри животната околина и да не се дозволи понатамошно уништување на шумата и зеленилото со приграбување во приватни дворови со самоволие на одредени лица и за нивни лични интерес на штета на јавниот интерес.

Единствено на тој начин општината ќе обезбеди владеење на правото и верба во системот, а ќе спречи на Маркеза Дооел Скопје да и се нанесува огромна материјална и нематеријална штета. 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“