02 Мај, 2024
0.0454

НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ „ПЕГЛААТ“ СТАВОВИТЕ - министрите не мислат исто за неработната недела, синдикатите бараат ако се работи - за 50 отсто повисока дневница

Објавено во: Економија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Иако навидум изгледаше дека ќе оди мазно, прогласувањето на неделата за неработен ден и преточувањето на оваа идеја во законско решение, засега по се изгледа дека не тече така лесно.

Според сознанија на Фактор, предлог законските измени во Законот за работни односи, со кои неделата ќе биде прогласена за неработен ден, освен ако со друг закон или колективен договор не е одредено поинаку, на крајот на оваа недела, односно во петок, треба повторно да се „чешлаат“ на Економско-социјалниот совет, каде членуваат претставници на власта, на работодавачите и на синдикатите.  

Драфт верзијата на предлог законот се уште не е достапна за јавноста, односно таа не е поставена на платформата ЕНЕР, од која во неа сите би имале увид, но им е доставена на сите засегнати страни, како што се коморите, работодавачите и синдиктите.

Онака како што сега стојат работите, факт е дека газдите од областа на трговијата и угостителството сметаат дека ќе биде штетно за нивните сектори да бидат принудени да се откажат од неделниот промет, а многу блиску до нивните ставови е и министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред неколку дена, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, чии ресор, пак, всушност го подготвуваше законското решение, изјави дека ова министерство, претставници на синдикатите, работодавачите и коморите дошле до  некои заклучоци и сугестии во врска со прашањето недела да биде неработен ден, како и дека тоа прашање треба да се отвори на Економско-социјалниот совет.

„Оваа дебата се уште тече. Имавме онлајн состанок со сите чинители на социјалниот дијалог. Со претставници на синдикатите, претставници од Организација на работодавачи и комори. Дојдовме до некои заклучоци и сугестии и следниот чекор е истото прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет, да разговараме и да биде дефинирана последната драфт-верзија како законско решение“, нагласи тогаш Шахпаска.

Според министерката, тоа е предизборно ветување на СДСМ, но заедно со владинот коалициски партнер, ќе биде преточено како еден од законите што ќе бидат донесени.

„Отворено се дебатира и кога ќе биде готова дебата ќе се донесе предлог-законот“, рече министерката за труд.

Од друга страна, министерот за економија, Крешник Бектеши, кој е од редовите на ДУИ и под чија капа се трговијата, угостителството и туризмот, во петокот изјави дека секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела, имајќи предвид дека земјава сака да го зголеми.

„Согласно Законот за трговија и Законот за туристичка дејност и угостителство, ние ги пративме нашите предлози, анализи и компаративни анализи кои сме ги направиле со соседните држави, но и со државите од Европската Унија. Имајќи предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи, секако дека секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела, а за трговијата, посебно кај големопродажбата, би можеле да направиме промени“, рече Бектеши.

Дали сето ова укажува дека е можно во Владата, односно меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ да има спротивставени тонови околу неделата како неработен ден, или, пак, станува збор само за конструктивна дебата. СДСМ ова го даде како предизборно ветување водејќи се од своите левичарски принципи, а на една од своите седници Владата гласно најави дека неделата ќе биде неработен ден, што ќе биде голема придобивка за работниците, и дека за тоа го задолжила ресорот за труд и социјала.

Од Владата тврдат дека тие се демократска власт, која и за ова прашање ќе почитува сечие аргументирано мислење.

„Согласно демократските принципи и правилата на добро владеење, оваа Влада од самиот почеток се залага за транспарентност и инклузивност на сите општествени чинители. Следствено на тоа, во моментов трае дебата и сечие аргументирано мислење е ставено на маса и се разгледуваат сите аспекти“, велат од Владата.

Во меѓувреме, најголемиот синдикат, Сојузот на синдикати на Македонија, кој кога дојде најавата за недела како неработен ден изрази голема радост и задоволство, како своевидна работничка победа, сега смета дека изработената драфт верзија повторно нема да ги штити работниците.

„Предложениот закон за измени и дополнување на ЗРО доставен од страна на Министерството за труд, не оди во правец на уредување на ова право недела да биде неработен ден за работниците во државата. Напротив, со него се уредени варијанти и можности со посебните закони и колективните договори дополнително да се ограничи ова право за работниците. Законот за работните односи е основен, базичен закон за правата од работен однос и во истиот треба да се регулира ова право за работниците, а не да се остава можност ова право дополнително да се уредува во секоја дејност и секој работодавач посебно.Сметаме дека евентуалните исклучоци од законски регулираното право недела да биде неработен ден за сите работници, треба да се уредат во ЗРО...“, се вели во неодамнешното соопштение од ССМ.

Предлог на ССМ е работниците, кои по исклучок се ангажирани да работат во недела, задолжително да имаат право на зголемување на основната плата на работникот, по час најмалку за дополнителни 50 отсто за работа во недела,  како и право на слободен ден во текот на неделата.

Исто така, и од Конфедерацијата на слободни синдикати сметаат дека ако мора да се работи во недела, тоа барем да биде платено со повисока дневница за 50 отсто од регуларната.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности