Неизвесна судбината на исчезнатите македонски планинари
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2018
Сѐ уште не се знае како завршила прошетката на двајцата планинари на кои им се губи трагата на планината Кајмакчалан. Грчките и македонските власти сплотени трагаат по нив.
Во моментот од МВР соопштуваат дека нивните мобилни телефони се лоцирани од македонската страна, за што се известени граничата полиција и Центарот за управување со кризи. Грчките власти не потврдуваат во каква состојба се двајцата планинари.