04 Мај, 2024
0.0558

НЕМА ДА ИМ ДАВА ГОТОВИНА: Германија сака да го обесхрабри доаѓањето на бегалците

Објавено во: Економија 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Германија сака да го обесхрабри доаѓањето на бегалците, така што ќе им дава банкарски картички, а не готовина. Тоа е со цел да спречи трансфер на пари во странство или исплата на шверцери на луѓе. Целта е бегалците да не праќаат пари на членови на своите семејства. 

Германскиот парламент Бундестаг денеска одлучи дека во иднина на бегалците повеќе нема да им се исплаќа готовина за трошоците за живот, туку ќе им издава банкарски картички. 

„Можете да платите за стоки и услуги со платежна картичка, но можноста за подигање готовина е ограничена и зависи од специфичните потреби“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД). 

Претставниците на најголемиот опозициски претставнички клуб на Унијата на ЦДУ/ЦСУ гласаа против воведувањето на платежната картичка бидејќи според нив мерките „не одат доволно далеку“. Христијанско-демократската унија побара месечниот износ на подигнување готовина да биде ограничен на 50 евра.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во 2023 година изјави дека целта на неговата влада е да се намали „нередовната миграција“ и да се зголеми бројот на депортации. Голем број Сиријци, Украинци и лица од други земји престојуваат во Германија. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?