03 Мај, 2024
0.0262

НЕМА ДОКАЗИ: „Момо“ предизвикот го нема во цртаните филмови!

Објавено во: Свет 28 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Родителите ширум светот повторно се загрижени поради новиот интернет предизвик. Момо, чудна жена со испакнати очи, наводно им се појавува на децата насред цртаните кои ги гледаат на интернет и им задава разни задачи на децата.

Светските медиуми предупредуваат на нов интернет предизвик кој наводно им се појавува на децата насред цртаните кои ги гледаат на Јутјуб - Momo. 

Застрашувачка жена, со испакнати очи, со чудна насмевка и долга црна коса децата преку видео или сервисот за допишување како што е WhatsApp ги наговара на предизвик кој кулминира со тоа децата да мора сами да си наштетат или да си го одземат животот, јавуваат странски медиуми. Доколку тоа не го направат, Момо се заканува дека ќе фрли клетва на нив.

Постојат и тврдења дека Момо се појавува во цртаните како Peppa Pig и во играта Fortnite но ниту едно тврдење не е докажано!


Американската полиција и бројни училишта почнале да ги предупредуваат родителите да следат што гледаат нивните деца на интернет каналите и да им објаснат, доколку им се појави Момо, не треба да прават што ќе им каже.


ЕКСПЕРТИ: Тоа се „fake news“ 

Експертите предупредуваат дека се работи за лажни вести, а Јутјуб тврди дека нема никави докази дека Момо се појавува насред цртаниот филм за деца, пишува Гардијан.

-Спротивно од написите во медиумите, не најдовме ниту еден доказ дека таква содржина се појавува во нашите видеа. Таквата содржина веднаш би била блокирана од нашата страница и пријавена во полиција - рекол портпаролот на Јутјуб.

Скулптурата стана вирална

Момо всушност е скулптура која пред неколку години се појави на еден Инстаграм профил. Порталот NME  тврди дека ја направила уметничката Мидори Хајаши. Таа во вторникот го демантирала тоа и рекла дека Момо, во оригиналот е наречен  "Mother Bird" и дека не го направила таа.

Таа му го препишува Момо на уметникот Кеисуку Аисоу, автор на книгата „Grotesque Girls“. Момо, како што се случува на социјалните мрежи, едноставно станала вирална.

Непознат корисник кој стои зад Момо направил WhatsApp  профил. Ако испратите порака, Момо ќе ви одговори со бизарни и манипулативни пораки. Засега Момо е активна во Мексико, Аргентина, Сад, Франција и Германија.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место