НЕМА МИР ВО МОСКВА: Две дојави за бомба, евакуирани од болница се повредените од нападот во „Крокус“
Објавено во: Свет 25 Март, 2024
Паника во Русија. Две дојави за бомби имаше денеска во главниот град. Евакуиран e трговски центар во Москва.
Посетителите и персоналот на трговско-забавниот центар „Мозаик“, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана за поставена експлозивна направа, изјави за руската државна новинска агенција, претставник на Итната служба на главниот град.
„Анонимен повик со закана за бомба имаше во трговскиот центар „Мозаик“ на улица Кожуховскаја бр. 7, зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.
Претходно, како што јави рускиот портал Маш, поради закана за поставени бомби денеска во Москва се евакуирани 700 лица од болницата „Пирогов“, во која се сместени повредените од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“.
Деновиве се случи напад во сала во Москва, каде терористи убија 137 луѓе. Утредента маж се обидел да постави бомба во трговски во Санкт Петербург, а жена која летала за Ерменија се заканила дека има бомба. Одговорноста за нападот во Москва ја презема oрганизацијата Исламска држава.foto freepik.com