05 Мај, 2024
0.0249

Нема помош за плати за фирмите кои имале добивки пред кризата: Законот стигна во Собрание

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата ги објави мерките од петтиот пакет со кој очекува да ја забрза економската активност и да продолжи заздравувањето на домашната економија. Дел од пакетот е и поддршката за исплата на плати која стопанството ја очекуваше, а законското решение веќе е готово. Сега треба да го помине собранискиот филтер, иако работата на Парламентот веќе некое време е закочена. Владата планира со 30 милиони евра да поддржи исплата на плати на фирмите кои се погодени од пандемијата за месеците февруари и март. Висината на помошта зависи од тоа колку се намалени приходите на фирмата. Предлог законот кој веќе е во собраниските служби ги содржи сите детали.

За користење на финансиската поддршка, работодавачот кој ја бара финансиската поддршка треба да има пад на приходите од работењето од најмалку 30 отсто во месеците ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година во однос на месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење остварени во периодот ноември, декември 2019 година и јануари 2020 година. Но услов за исплата на помошта е и истиот работодавач да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда  на вработените и органите на управување.

За да се аплицира за помошта услов е и бројот на вработени, па во месецот за кој се бара финансиска поддршка треба да има ист или поголем бројот на вработени.

Фирмите кои исплатуваат високи плати немаат право на апликација. Во законот стои дека работодавачот-барател на финансиска поддршка кој на повеќе од 10 проценти од вкупниот број вработени им исплатува поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка не ги исполнува условите за помош. Право на помош нема ни работникот кој за месец октомври, ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно.

Предлагачите на законот се децидни дека ако некое друштво има добивка во годините пред кризата не може да добие помош

„Финансиска поддршка за исплата на плати не може да користи работодавач кој во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари. По исклучок, работодавачот кој има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот за кој користи финансиска подршка а во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари, може да користи финансиска поддршка за исплата плата согласно овој закон.

Помошта е скалеста односно за намален приход од 30 до 40 проценти, државата дава до 14.500 денари. За намален приход од 40 до 50 проценти износ на финансиска поддршка до 15.955 денари, за намален приход од 50 до 60 отсто, поддршката е 17.410 денари. Ако приходот е намален од 60до 70 отсто износот на финансиска поддршка е до 18.865 денари, а за намален приход од 70 до 80 проценти се одобрува помош до 20.320 денари, додека за намален приход од над 80 отсто износот на финансиска поддршка е до 21.776 денари.

Во предлог законот стои дека после завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка вкупниот број на вработени кај работодавачот - корисник на финансиска поддршка не смее да се намали за повеќе и тоа за скалест процент во зависност од вкупниот број на вработени.

Инаку фирмите кои беа идентификувани како такви кои зеле помош, а не им исплатиле плати на вработените немаат право за финансиска помош. Тие кои ќе аплицираат, немаат право да се пријават за користење на бескаматните кредити преку Развојната банка.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?