01 Мај, 2024
0.0258

НЕМА ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ - Заев отворено им кажал на штредачите од Еуростандард

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Нема да има ништо од ново законско решение со кое Владата би ги исплатила оштетените штедачи од Еуростандард банка од државни пари, како што бараат граѓаните и фирмите кои се депоненти на пропадната банка со влогови над 30 илјади евра.

Ова денеска премиерот Зоран Заев им го кажал на штедачите. 

Како што соопшти Владата, премиерот Зоран Заев, придружуван од  вицепремиерот Фатмир Битиќи, денеска се сретнале со претставниците на Здружението на оштетени граѓани од Еуростандард банка, соопшти Владата. На средбата претставниците на оштетените штедачи ги предочиле проблемите со коишто се соочуваат физичките и правните лица по пропаѓањето на банката и понудиле предлози за можни решенија.

Премиерот Заев, како што велат од Владата, ги сослушал нивните барања и истакнал дека Владата има силна волја да им излезе во пресрет на оштетените граѓани, и дека тоа ќе се направи согласно постоечката законска рамка. Тој предочил дека Народната банка навремено реагирала и презела сѐ што е во нејзина надлежност во однос на нерегуларностите во работењето на Еуростандард банка.

„За нас како Влада првенствен е вашиот интерес како оштетени граѓани, во смисла да обезбедиме соодветни услови за ваше обесштетување. Тоа што е во наша моќ, ние ќе го направиме, но мораме да ја почитуваме законската рамка. Законската рамка и правила се јасни и тие не предвидуваат државата директно да се инволвира преку исплаќања од буџетот. Тоа не смееме да си го дозволиме затоа што тоа е спротивно на законите“, истакнал премиерот Заев на средбата.

Тој додал дека се покренати кривични пријави и други мерки што се во надлежност на јавното обвинителство и ги уверил претставниците на оштетените граѓани дека нивните предлози и сугестии ќе бидат следени од страна на институциите и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за нивно обесштетување согласно законот и стечајната постапка. 

А како што денеска пишуваше Фактор, за да ги обештети штедачите, на Владата и требаат 36 милиони евра буџетски пари, но меѓународнитеинституции кои се наши партнери се противат штедачи од приватни банки кои отишле во стечај да бидат обештетувани со средства од државната каса. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?