11 Мај, 2024
0.0240

Нема веќе филмски сцени со цигари?

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

За да се заштитат младите генерации, Светската здравствена организација бара да се забрани прикажување на цигари во филмовите.

Според нивното истражување, во скоро секој втор филм имало сцена со цигари. Па, од СЗО  предлагаат филмовите во кои актерите пушат цигари да бидат означени со „само за возрасни”.

Нивниот извештај покажува дека во 70% од 15-те комерцијално најуспешни филмови во Британија од 1989 до 2008 се пушеле цигари, а 92% од овие филмови биле наменети за деца под 18 години. Што се однесува на периодот од 2002 до 2014 година, речиси две третини од филмовите содржеле сцени во кои се пушат цигари.

Според истражувањето спроведено во САД, речиси 40 отсто од адолесцентите почнуваат да пушат, бидејќи на тоа ги поттикнале сцени на уживање во тутунски производи кои ги виделе во филмовите, а во тоа предничат европските филмови, предупредуваат од СЗО.

Организацијата смета дека тутунските компании не би смееле да ги спонзорираат сцените во коишто ликовите пушат и дека на големите екрани не би смееле да се прикажуваат брендовите цигари. Сметаат и дека пред почетокот на прикажувањето на филмовите во кои ликовите пушат, би требало да се емитуваат спотови во кои на младите им се упатува силна порака за штетноста од пушењето.