05 Мај, 2024
0.0264

НЕМА ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА НЕРАФИНИРАНО МАСЛО ОД СРБИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ:се решава проблемот со недостаток на суровината за неколку месеци

Објавено во: Македонија 26 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Србија ја тргна забраната и за извоз на сончоглед во Северна Македонија и со тоа се решава проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци. 

Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“ Симон Наумоски при денешната посета со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип истакна дека особено ги радува тоа што Србија ја отсранува забраната за извоз на нерафинирано растително масло, кое го користат како суровина.

-Со увозот од Србија ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење, вели Наумоски и додава дека имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, од причина што не им била јасна одлуката за формирање на цената, а по разјаснувањето со државните институции со кои, какошто рече, како компанија не сакаат да имаат проблеми доколку нешто погрешат.

Според Наумоски, дистрибуцијата на маслото за јадење од нивната компанија веќе е нормализирано и се испорачува во маркетите и, како што додава, ќе го задоволи македонскиот пазар.

На прашањето дали цената на зејтинот ќе се зголеми, Наумоски вели дека тоа никој не може да го каже сега или пак да прогнозира.

-Што се однесува до цената јас ја знам вчерашната, колку е на светските пазари, сировото масло, денешната не ја знам, утрешната која ќе биде никој не знае. Моменталната што ние ја знаеме е околу 2.350 евра по тон, за сирово зборувам. Дали таа утре или денеска ќе е 2.400 или 2.500, а некои најавуваат и нешто поевтино, не можам да ви одговорам, истакна Наумоски.

Прашан за суровината што ја имаат за три месеци и што после тоа, Наумоски со одговор дека има време за размислување и да се види ситуацијата на пазарите.

-Затоа што се случуваат нови моменти се нуди масло и од различни други земји почудни цени негде многу високи, негде нешто пониски и не знаеме да ви одговориме во оваа ситуација се дури трае војната во Украина, вели Наумоски.

Македонските компании за производство на масло за јадење суровините најмногу ги снабдува од Србија, Бугарија, бидејќи немаат големи капацитети за да купуваат бродски транспорт на сурово сурово масло од Украина или од Русија. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава