01 Мај, 2024
0.0295

(НЕ)ОДГОВОРНА ПРВА ДАМА: Меланија Трамп фатена во плагијатски спор

Објавено во: Свет 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД, Меланија Трамп се соочува со напади за плагијат, откако започна нејзината нова онлајн кампања за безбедноста на децата.

Брошурата објавена од Меланија Трамп има впечатлива сличност со она што било објавено од администрацијата на поранешниот претседател Обама.

Текстот и графиката на книгата „Биди најдобар" се речиси идентични со оние од претходното издание.

Во 2016 година, г-ѓа Трамп беше обвинета за плагирање на делови од говорот на Мишел Обама во 2008 година.

По објавувањето на овие информации,  вработен во администрацијата на Трамп, кој го напиша говорот на Меланија Трамп, призна дека понекогаш “позајмувал“ од говорите на  г-ѓа Обама.

По сличностите со изданието на Обама, текстот беше ревидиран .

Почнувајќи од понеделникот, за иницијативата „Биди најдобар“, Меланија рече дека нејзината цел е да го промовира здравото живеење, да се поттикне позитивната употреба на социјалните медиуми и да се бори против злоупотребата на дрога.

„Како што сите знаеме, социјалните медиуми можат и позитивно и негативно да влијаат врз нашите деца, но премногу често се користат за негативни цели", рече таа.

Не треба да се заборави дека нејзиниот сопруг, Доналд Трамп користи твитер како моќна алатка за информации.

Тој, исто така, беше обвинет за исмејување на новинар со посебни потреби.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа