02 Мај, 2024
0.0258

Нестабилност и социјални немири: Шефицата на ММФ повикува побогатите земји да им помогнат на посиромашните

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Побогатите и поразвиени економии да обезбедат поголема помош за земјите кои немаат ресурси и се посиромашни за да се намали разликата која во иднина може да ја загрози стабилноста и да предизвика социјални немири, побара шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. 

Таа изјави дека дури 50 проценти од земјите во развој се изложени на ризик од натамошно заостанување, па порачува дека е неизбежна акција за да се избегнат поголеми проблеми. 

Георгиева ги повика исто така високозадолжените земји да не чекаат со преструктуирање на долгот, изјавувајќи дека е подобро тоа да се стори порано отколку подоцна и да се подобрат условите за раст.

„Минатата година главниот фокус беше ставен на локдаунот, а годинава се соочуваме со ризик од големата дивергенција, оцени Георгиева вчера за време на видео - конференциска врска со повеќе светски медиуми.

Според неа, ММФ проценува дека земјите во развој, кои со децении се приближуваат до просечното ниво на глобален доход, овој пат ќе се најдат во многу потешка ситуација.

Падот на животниот стандард во земјите во развој, рече Георгиева, ќе го отежне одржувањето на стабилноста и безбедноста во остатокот од светот.

„Кој е ризикот? Социјални немири. Можете да го наречете загуба на раст од една деценија. Може да биде загуба на една генерација  односно 20 до 30 години, рече таа.

Развиените економии трошат во просек околу 24 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на мерките за поддршка за време на пандемијата, во споредба со 6 проценти од БДП на пазарите во развој и 2,0 проценти во земјите со ниски приходи.

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда