14 Мај, 2024
0.0286

Невработеноста е голема, Ристовски е задоволен од извештајот на ЕК

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика, Спиро Ристовски e исклучително задоволен од нотираниот напредок во извештајот на ЕК во сите области што ги покрива.
„Знаеме и убедени сме дека следниот период не очекуваат уште поголеми предизвици поврзани со преговорите и со нашето приближување кон ЕУ“, изјави денеска Ристовски.
„Во Извештајот на ЕУ во Поглавје 19: Социјална политика и вработување, се вели дека е направен напредок во областа на социјалната вклученост, Националната стратегија за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост за 2010–2020 е усогласена со приоритетите на ЕУ 2020 и оти е обезбедена финансиска поддршка за одделни општини за тие да ги спроведат нивните локални акциони планови за социјална вклученост“, истакна Ристовски.
Извештајот забележува напредок и во областа на антидискриминација, каде се усвоени Националната стратегија за еднаквост и недискриминација.
„Извештајот во делот на социјалната политика и вработувањето вели дека е остварен напредок во однос на трудовото законодавство, односно направени се измени и дополнувања на Законот за работни односи во насока на негово поефикасно спроведување“, додаде Ристовски.
Во однос на високата невработеност која е нотирана во последниот извештај на ЕК, министерот за труд и социјала Ристовски вели дека Македонија и во овој дел забележала напредок.
Извештај на ЕК
Најлошата оценка за Македонија, Европската комисија ја дава во поглавјето кај невработеноста..
„Многу високата невработеност останува голем предизвик, особено во однос на жените и младите луѓе. Социјалниот дијалог е подобрен, но улогата на социјалните партнери треба да бидат дополнително зајакнати. Сиромаштијата е се уште голема и вклучувањето на Ромите, лицата со инвалидитет и другите социјално исклучени лица е ограничен. Неопходни се дополнителни напори за антидискриминација. Целокупната административниот капацитет треба значително да се зајакне со цел да им помогне на имплементација напред. Севкупно, подготовките во оваа област не се многу напреднати.“
НЕВРАБОТЕНОСТ - НЕМА НАПРЕДОК
-голема невработеност
-голема сиромаштија
-дополнителна работа за антидискриминација
-зајакнување на административниот капацитет

Можеби ќе ве интересира

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа