02 Мај, 2024
0.0323

НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ПАДНАЛА НА НАЈНИСКО НИВО - коронакризата ќе го прекине трендот

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава била на ниво од 16,2 отсто. Оваа бројка ја објави Државниот завод за статистика. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, активното население во земјава изнесува 967.733 лица, од кои вработени се 811 106, а 156.627 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57,4 отсто, стапката на вработеност 48,1 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 16,2 отсто.

Оваа стапка на невработеност е најниска досега. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил напиша дека ова е историски најниска стапка на невработеност во земјава. 

„Годината започна со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите…за што зборуваат и статистичките показатели за првиот квартал. Сепак се наоѓаме во нова реалност - Covid-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме“, напиша Ангеловска.

Просечната стапка на невработеност во 2019 година во земјава била 17,3 отсто, додека во последниот квартал од 2019 таа изнесуваше 16,6 проценти.

Овој позитивен тренд на пад на невработеноста во земјава, ќе биде прекинат поради корона кризата, што ќе се покаже во бројките на статистика за вториот квартал од годинава.

Веќе во април и мај значајно се зголемува бројот на невработените во земјава. 

Само за три месеци поради корона кризата во земјава останале без работа над 15 илјади граѓани од земјава.

Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за вработување.

Според овие бројки, на крајот на мај годинава во земјава имало 121.187 невработени лица, што е повеќе за 15.371 граѓани во однос на крајот на февруари годинава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?