26 Април, 2024
0.0299

„Независни“ активисти ќе ја водат битката против Сорос во Македонија

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Веќе добро познатите провладини сурогати меѓу кои Цветин Чилиманов и Никола Србов, ја формираа новата граѓанска иницијатива „Стоп Операција Сорос“ која ќе води активности против фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос која финансиски помага дел од невладините организации, граѓански иницијативи и медиумски проекти.

Граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ најпрво ќе започне со работа преку отворање на прашања и давање на одговори за начинот на кој што делува Сорос во Македонија, а сите граѓани кои што сакаат да се приклучат ќе ја имаат таа можност преку активностите кои што ќе се случуваат во иднина. 

Фондацијата на Сорос која што е активно не само во Македонија, туку и во голем број други држави, има радикална левичарска и тоталитаристичка идеологија. Целта на Фондацијата е да се избришат идентитети, народи и нации и да се создаде едно  „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор. Делува кон неконтролирано пропуштање на мигрантскиот бран од Блискиот Исток кој не очекува наредниот период. Со тоа сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување, велат од новото граѓанско движење.

ВМРО-ДПМНЕ по изборите го стави Џорџ Сорос како главен непријател, но всушност зад оваа борба стои обид за пресметка со сите критички настроени организации и медиуми. 

Треба да се потенцира дека не сите невладини организации се финансирани од Фондацијата Отворено општество, ниту пак сите медиуми зависат од овие средства, но јасна е намерата сите да се стават во еден кош на предавници и изроди од македонскиот народ како што сами ги нарекуваат поддржувачите на актуелната власт. 

Токму затоа зачудува овој потег на редовните поддржувачи на се што презема ВМРО-ДПМНЕ да говорат за независни медиуми или независни граѓански иницијативи кога низ годините добро ни се познати сите контра-протести, сите здруженија против опозицијата кои никнуваа преку ноќ, како и сите лажни обиди да се артикулираат ставови надвор од партијата иако беше сосема јасно дека истите доаѓаат по директива на владејачката партија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“