03 Мај, 2024
0.0235

Никола Ристановски избран за најдобар актер на фестивал во Црна Гора

Објавено во: Стил 10 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Со улогата ,,Молиер, македонскиот актер Никола Ристановски ја доби наградата за најдобар актер на Фестивалот на медитеранскиот театар „Пургаторије“ 2015 во Тиват, Црна Гора.

А претставата во која тој е главна улога ,,Животот на Молиер” во режија на Александар Поповски е прогласена за најдобра претстава на фестивалот.

Во програмата на фестивалот, нивна конкуренција беа претставите: Хасанагиница“ во режија на Јагош Марковиќ, „Животинска фарма“ во режија на Андраш Урбан, „Животот на Молиер“ во режија на Александар Поповски, „Мама миа“ на Југ Радивојевиќ, „Казимир и Каролина“ на Снежана Тришиќ, „Скршениот ковчег“ на Игор Вук Торбица, „Александра Зец“ во режија на Оливер Фрљиќ

Вечерва, на затворањето на 10 годишното јубилејно издание на Фестивалот ќе се доделуваат наградите.