03 Мај, 2024
0.0250

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Објавено во: Економија 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Економијата беше и останува врвен приоритет за Владата. Очекувањата кои беа споделени и на состаноците со ММФ и Светска банка се дека кризата е во најголем дел надмината и може да се фокусираме на економски раст и да ги постигнеме посакуваните стапки на раст. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски во интервју за Гласот на Америка за време на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон. 

Економијата е врвен приоритет за следната влада. Така беше во минатото, така ќе биде и сега. Не треба да заборавиме дека во овие 4 години менаџиравме криза. Имавме пост-ковид криза, енергетска криза и инфлаторна. Сепак, успеавме да го задржиме стандардот на граѓаните, пораснаа платите, пораснаа пензиите, имаме рекорден раст на просечната плата за овие 7 години. Главен фокус е задржување на стандардот на граѓаните. Во 2023-та, една Германија имаше негативен раст, од -0,3 oтсто. Со оглед дека Германија е наш најголем трговски партнер, не можеме да очекуваме дека ние како мала и отворена економија ќе имаме супериорен раст. Кога менаџираш кризи, не можеш да се фокусираш на раст. Сега на состаноците со ММФ и Светската банка, се говори дека во најголем дел, кризата е позади нас и е надмината. Тоа ќе даде еден поттик и во наредните 4 години македонската економија да го достигне оној посакуван раст и ќе се движи на ниво меѓу 4 и 5 проценти. Тоа ќе ја забрза економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните“, рече заменик-министерот за финансии.

Тој потсети дека во изминатите 4 години на криза никој не беше оставен сам и дека  9-те пакети антикризни мерки беа директно насочени и  кон граѓаните и кон бизнис секторот. При тоа наведе дека се спроведуваат мерки и политики со кои се зачувува стандардот на граѓаните. 

„Од 2017-та година, една просечна македонска плата заедно со една минимална плата, секојпат во овие 7 години се над нивото на потрошувачката кошничка. Така и сега просечната плата достигна 40.000, минималната плата е 23.000 денари, а потрошувачката кошничка е 60.000 денари. Токму со политиките и мерките што ги прави оваа Влада, се зачувува стандардот на граѓаните“, истакна заменик-министерот Николоски.

Тој упати и на остварувањата во 2023 година наведувајќи дека е реализирано највисоко ниво на буџетски приходи, највисоко ниво на реализирани капитални инвестиции од 700 милиони евра,  највисок процент на раст на плата од 16 отсто. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски