11 Мај, 2024
0.0258

Николовски баран од ФФРМ за да им помогне за проблемите со јаболката

Објавено во: Економија 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) бара средба со министерот Љупчо Николовски на која би се разговарало за долгорочни и краткорочни мерки за проблемите и предизвиците во јаболкопроизводството, по пролетниот мраз на 22 април кој уништи голема површина од овогодинешниот род јаболка.

ФФРМ бара минимална загарантирана откупна цена односно пет денари по килограм за индустриско јаболко на долгорочен период, а за да може да се продискутираат овие актуелни состојби и проблеми Федерацијата иницира средба помеѓу здруженија на земјоделци каде што членуваат јаболкопроизводители и откупувачите на јаболко која би се одржала овој месец.

Исто така ФФРМ бара утврдување на рокот за исплата на штетите од пролетниот мраз за 2016 и 2017 година за овоштарите и лозарите и целосна исплата на субвенциите за 2016 година за овоштарите во најбрз можен рок и тоа по сите основи.

Според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година, 5.477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5.384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се деловни субјекти.


Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили