Нина Ангеловска, Садула Дураки и Зоран Китанов ги добија четиригодишните мандати во Македонски Телеком
Објавено во: Економија 16 Декември, 2020
Македонски телеком на вчерашното Собрание на друштвото ги избра новите членови на Одборот на директори, кои ги предложи Владата.
Четиригодишни мандати добија поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, поранешниот директор на ЈП Државни патишта Зоран Китанов, потоа екс министерот Садула Дураки. Избрани се уште и Шкодране Дарлишта, Бардул Насуфи и Аќиф Мехдиу.
Како членови во Одборот на директори разрешени се Назим Буши, Сашо Велески, Замир Мехмети, Дивна Ефтимоска Мирослав Вујиќ и Сашо Симјановски.