НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините
Објавено во: Економија, Свет 18 Април, 2024
Најголема закана за потенцијалното намалување на каматните стапки во еврозоната се тензиите на Блискиот Исток, изјави Роберт Холцман, член на одборот на директори на Европската централна банка (ЕЦБ).
„Во оваа фаза, мислам дека најголемата закана е геополитиката, бидејќи видовме што се случи на Блискиот Исток“, изјави Холцман за Си-Ен-Ен на маргините на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.
Неговите коментари се во согласност со ставовите на друг член на одборот на директори на Европската централна банка, Оли Рен, кој посочи дека најголеми ризици за монетарната политика се војната во Украина и тензиите меѓу Иран и Израел.
Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард вчера изјави дека банката е се поблиску до одлука за намалување на каматните стапки и изјави дека инфлацијата во еврозоната паѓа во согласност со очекувањата.