ЊУЈОРК ПОД ОПСАДА: Бомбите кои повредија 29 лица се направени од експрес лонец
Објавено во: Свет 19 Септември, 2016
Бомбата која експлодирала во саботата во Њујорк, како и втората експлозивна направа пронајдена во близина, се направени од експрес лонец наполнети со шрапнели, слично како што бил случајот во текот за време на маратонот во Бостон во 2013 година.
Американски медиуми соопштија дека двете експлозивни направи биле опремени со мобилни телефони и новогодишни сијалици, што е користено како детонатор.
ФБИ запре сомнително возило во Бруклин во неделата, но апсења немало. Непотврдени медиумски извештаи пак говорат дека пет лица од автомобил се приведени на испитување.
Втората експлозивна направа е пронајдена четири блока од местото на експлозијата и е отстранета и уништена со контролирана експлозија.
Гувернерот на Њујорк Андреј Куомо рекол дека втората бомба била многу слична на првата, но дека тие две се поинакви од онаа која експлодирала истиот ден на рута на хуманитарна трка во Њу Џерси при што имаше повредени.
Њујоршката полиција на терен испратија 1000 додатни полицајци како би ја зголемила сигурноста на јавниот транспорт.
Челзи, во кој во овој бомбашки напади се повредија 29 лица, е еден од најмодерните дистрикти на Менхетен, а тамошните барови и ресторани се многу посетени во текот на викендот