26 Април, 2024
0.0269

Нокиа сака да ја продаде централата во Финска

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Конпанијата сака да го продаде централата во Еспо, Финска, пренесоа светските агенции. Тоа е дел од планот на производителот на мобилни телефони да се ослободи од средствата, кои не се дел од  неговата главна дејност. „Размислуваме како да ги намалиме средствата кои не се поврзани со нашата главна дејност, а тоа ќе вклучува и продажба на имот што го поседува компанијата. Во овој дел спаѓа и централата ", коментира портпаролот на Нокиа, Маја Тајм. Уште во јули раководството на компанијата, која се бори за опстанок, ги извести инвеститорите дека планира да продаде дел од имотот, јавуваат агенциите. Според финскиот весник „Iltasanoma“ зградата од стакло и челик на брегот на Балтичко Море чини 200-300 милиони евра. Сепак, финансискиот директор на Нокиа,  Тимо Ихамуотила негира дека компанијата планира да ја премести централата надвор Финска. Тој објасни дека ќе останат во истата зграда, но како закупци. Загубите во Нокиа пораснаа, посебно во вториот квартал од годината. За вторите три месеци од годината, загубата достигна 1,4 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра