07 Мај, 2024
0.0230

Норвешка – најдобра за живеење во светот

Објавено во: Стил 17 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Норвешка е најдобра земја за живеење по квалитет на живот во светот според годишниот извештај за човековиот развој на ОН. Во истражувањето се вклучени околу 200 држави.

Рангирањето вклучува 1880 земји во светот и е базирана на Индексот на човековиот развој, земен од годишните извештаи на државите. Главните определувачки критериуми се однесуваат на траење на животот, квалитетно образование и животен стандард и развој на нацијата.

Првенството на Норвешка се должи на добро развиена економија, благодарение на нафтата, стабилно здравје и добро владино управување. Туризмот во земјата, исто така е добро воспоставен заради нејзините природни карактеристики.

Просечниот животен век во Норвешка е 81 година и 6 месеци, а по глава на жител се паѓа бруто национален доход од 64 922 долари.

Според извештајот на ОН второто место во рангирањето го зазема Австралија, следат Швајцарија, Данска и Холандија, соопшти Quartz.

Велика Британија се искачува со една позиција до 14-то место. Бугарија зазема 59-тото место на листата. На дното на листата е Централно африканската република, проследен од Нигерија, Чад, Буркина Фасо и Бурунди.