03 Мај, 2024
0.1426

Нов рекорд! Која банка има 11 милиони евра профит за три месеци?

Објавено во: Финансии 27 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Растат нето приходи од камати, растат нето приходи од провозии, од курсни разлики и останати приходи од дејноста. Тоа во комбинација со намалени трошоци за резервации по кредити и донесе на Стопанска банка Скопје профит од 11 милиони евра за 90 дена

Стопанска банка Скопје за направи профит од 11 милиони евра за првите три месеци годинава. Добивката на оваа голема (системска) банка годинава е поголема за 30 отсто во споредба со првите три месеци лани.

Нето приходите од камати, најголемата прихода ставка, на банката и донесоа над 16 милиони евра за првите 90 дена годинава. Годинава за прв пат се промени трендот на намалување на нето приходите од камати кој беше актуелен неколку години наназад. Нето приходите од камати за периодот јануари-март годинава пораснаа за 8 отсто во споредба со истиот период лани. Очекуван, но не многу интензивен раст, има и кај нето приходите од провизии и надоместоци. Тие заовој квартал на банката, на нето основа и донесоа 3,5 милиони евра или 5 отсто повеќе од лани.

Освен нето приходите од камати уште две ставки се многу значајни за особениот раст на профитот на банката која е лидер на сегментот на кредити за физички лица.

Прво, тоа се останатите приходи од дејноста кои се зголемени за 55 отсто во споредба со истиот период лани. Оваа ставка за првиот квартал на баката и носи 2,2 милиони евра. Тука вреди да се истакне и растот на приходите од курсни разлики. Оваа ставка иако мала бележи раст од 40 отсто.

Сепак клучна улога во растот на профитот на банката има намалувањето на резервациите за лоши пласмани. За првиот квартал таа ставка резервира 3 милиони евра што е за 1 милиони евра помалку од истиот период лани.

Кумулативот на овие ставки во комбинација со одржување на речиси исто ниво на трошоци и расходи води до зголеување на добивката на Стопанска банка Скопје.

За првиот квартал секоја акција на Стопанска банка Скопје на сопственикот му носи добивка од 38 денари.

Кај билансот на состојба вредно за истакнување е тоа што пораснало кредитирањето за над 30 милиони евра, а вложувањето во државни обврзници останало на речиси исто ниво. Значајно намалување има кај депозитите и тоа е резултат на пред се демотивирачките каматни стапки на ниво нацел банкарски сектор. На крај на март годинава нивото на депозити е намалено за 67 милиони евра и изнесува 1,39 милијарди евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата