НОВ ЗАКОН: Нема веќе блокирање на сметки без да сте известени!
Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2016
Од 1 јануари на сила стапува новиот Закон за извршители.
Според измените тоа значи дека извршителите нема директно да ви ја блокираат сметката , туку прво ќе ви најават дека имате некаков долг, потоа ќе добиете рок од три дена да го подмирите долгот и доколку тоа не го направите, тогаш ќе ви се блокира сметката.
Меѓудругото, ќе бидете известени и за тоа каде и колку должите, така што нема да губите време за проверка каде се настанати долговите.
За изминативе девет месеци извршителите во земјава реализирале 28 отсто од вкупно 130 илјади барања за извршување при што наплатиле 76 милиони евра, или два милиони евра помалку од лани.