Нов земјотрес ги вознемири охриѓани
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017
Нов земјотрес во Македонија.
Потрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 3:52 часот во Охридско.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентарот на замјотресот бил во охридското подрачје, а е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Во последните три дена имаше повеќе земјотреси кои беа почувствувани во Охрид, Струга и Ресен. Се работеше за послаби земјотреси.