Нов земјотрес во Македонија, еве кој дел се стресе
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2017
Во 15 часот и 11 минути имаше земјотрес во Македонија со јачина од 4.1 степени.
Потресот бил на длабочина од 3 км, и е со епицентар на 92 км од Тирана.
Земјотресот бил краток и силен, а го почувствувале граѓаните на Ресен, Охрид и Струга. Но, и жители на Крушево, Прилеп и Битола на социјалните мрежи тврдат дека го почувствувале потресот.
Засега нема информации за жртви или материјална штети. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека земјотресот предизвикал паника и многумина избегале од своите домови.
Во истиот регион земјотрес имаше викендов.