Нова опрема за 24-часовно снимање на програмите на радио и ТВ станици
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе биде пуштена во употреба нова опрема за мониторинг на медиумските содржини.
Таа е финансирана од Европската унија. Опремата чини околу 800.000 евра, а ќе овозможи континуирано 24-часовно снимање на програмите емитувани од лиценцираните радио и ТВ-станици.
На завршниот настан со кој се заокружува проектот „Обезбедување опрема на мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, ќе се обратат директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.