НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ: Грчките медиуми навестуваат нов предлог?
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2017
На преговорите за надминување на разликите во името утре и задутре во Брисел ќе присуствува преговарачот, Васко Наумовски заедно со дипломат од Министерството за надворешни работи. Истиот формат е договорен со медијаторот Метју Нимиц.
Според пишувањата на грчките медиуми можно е Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.
Пред почетокот на oваа рунда преговори, Нимиц за Независната Балканска новинска агенција изрази надеж дека овојпат ке бидат надминати црвените линии поставени од Атина и Скопје.
Оптимист е и премиерот Зоран Заев. Според него, или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни.
„Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото“ - вели тој.
Последната формална рунда разговори на медијаторот со преставниците на двете држави беше одржана во Њујорк во ноември 2014 година.