НОВИ ЦЕНИ: Поскапе нафтата Брент
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020
Цената на нафтата Брент го достигна нивото од почетокот на март.
Скокнаа фјучерсите за северноморската нафта од типот Брент за испорака во август на лондонската берза за 1,7 отсто.
Со денешниот раст, цената на северноморската нафта се искачи до 43,02 голари за барел.
Суровата нафта од типот „WTI“ се тргуваше по цена од 40,22 долари за барел, што пак е за 1,7 отсто повеќе во однос на претходното затворање на берзата.
Ваква цена нафтата Брент имаше на 6 март.Оваа година нафтата беше во минус, по што се стабилизираше.
Пандемијата влијаеше на цената на нафтата.