Добивај вести на Viber
Поради неусогласеноста со прописите на Европската унија, Хрватска воведува посебни даноци на кафето и безалкохолните пијалоци, а дополнително даночење се чека на водата со додаток на шеќер или други засладувачи.
Од посебниот данок на кафето државата планира приход од 103 милиони куни, а 214 милиони од данокот за безалкохолни пијалоци во 2013 година.
Хрватската влада исто така усвои предлог закон кој ќе овозможи отпис на каматите на даночните долгови на граѓаните. Податоците покажуваат дека на 1 јануари повеќе од 616.000 физички лица на кои се однесува предлог законот, на државата и должеле околу 13 милиони куни (1,71 милијарди евра), од кои 5,7 милијарди куни, околу 752 милиони евра се однесуваат на камати кои со оваа мерка државата ќе ги откаже.
Од наведениот број на должници, 17 отсто имаат долг од 9,2 милијарди куни (1,21 милијарда евра) или 72 отсто од вкупниот долг. На должниците ќе се овозможи главницата да ја отплатат на рати и до највише 60 месечни рати, зависно од висината на долгот, а каматите ќе бидат 4,5 отсто.