НОВИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА: Заминуваат иако имаат работа
Објавено во: Финансии 18 Декември, 2017
За разлика од старите иселеници, новите немаат проблем да живеат во две држави.
Младите Хрвати со семејствата заминуваат во Германија.
Анкета направена со 1.200 иселени Хрвати покажува дека 79% од нив се задоволни со новиот живот во Германија.
Дури 60% од нив пред да заминат имале работа во Хрватска.
Само 3% одговориле дека не се задоволни.
73% се задоволни со германската плата, а 5% не се.
60.7% од анкетираните имаат средно училиште, а високо образование имаат 37.8%.
Мнозинството се сложуваат дека и Хрватска ќе биде успешна ако се работи како во Германија.