26 Април, 2024
0.0295

Нови проекти за пензионерите од 2018 - Поголема грижа и сигурност

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

На денешната седница на Советот за социјална сигурност беа разгледани предлог проекти за подобрување и унапредување на социјалната сигурност и животниот стандард на корисниците на пензија во периодот 2018-2020 година.

На седницата се усвоија следните проекти, чијашто имплементација ќе започне на почетокот на 2018 година:

- ќе се воведе задолжително издавање на преглед за стаж и плати, со потврдени податоци во матичната евиденција, за сите работници, три години пред исполнување на услови за пензија;

- пензиите ќе се усогласуваат два пати годишно, според порастот на трошоците на живот во висина од 50% и порастот на платите во висина од 50%, и ќе се разгледува можноста за дополнително усогласување доколку се бележи раст на економијата;

- ќе се донесе подзаконски акт за утврдување на минимална и максимална цена на сместување во приватните установи за грижа на старите лица, како и зајакнување на контролата во  овие установи;

- ќе се воведат нови пакувања на лекови, како и можност за подигнување терапија на парче за хронично болните пациенти;

-за хронично болните лица ќе се  овозможи подигнување на тримесечна терапија;

- ќе се унапреди соработката со невладиниот сектор  (Сојузот на здруженија на пензионери, Црвениот Крст на Република Македонија) за обезбедување на социјални и здравствени услуги на старите лица;

На седницата, исто така, се утврди потребата од продолжување на проектот за бањско-климатска рекреација за пензионери, со можност за ревидирање на критериумите за упатување на користење на услугата.

Во Советот за социјална сигурност членуваат претставници од: Сојузот на здруженијата на пензионерите, Црвениот Крст на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за економија, Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија , МАПАС и двете пензиски друштва.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“