03 Мај, 2024
0.0252

Нови шест стипендисти на ЕСМ, ЕВН И МЕПСО

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Шест студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, од денеска, се нови стипендисти на најголемите електро-енергетски компании во земјава – АД ЕСМ, ЕВН Македонија АД Скопје и АД МЕПСО. Стипендиите за студентите на ФЕИТ се доделуваат осум години и досега, поддршка добиле околу стотина стипендисти.

На денешното доделување на стипендиите, деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски изрази огромно задоволство од неколкугодишната соработка и поддршка за студентите на Факултетот.

„Навистина, како декан на ФЕИТ, сум задоволен од неколкугодишната соработка и поддршка од електро-енергетските компании за нашите студенти. Доделувањето стипендии стана традиција и нашите студенти - стипендисти добиваат одлична поддршка со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа и за нивно вработување во овие компании. Преку нашите студенти и ние сме во контакт со овие компании и постојано ја преиспитуваме нашата образовна политика и ја прилагодуваме на потребите на стопанството“, порача деканот Ташковски.

Традицијата во доделување стипендии за студентите на ФЕИТ ја потенцираше и м-р Васко Ковачевски, ​генерален директор на АД ЕСМ.

,,АД ЕСМ има традиција на помагање во повеќе општествени области а образованието е една од областите кои нашата компанија со особено задоволство ги поддржува. Причината е што образованието е столбот на градењето на едно општество. Вложувањето во кадри, особено од електротехниката и информациските технологии кои се се побарани во светот и кај нас, е гарант дека нашата економија ќе се развива во вистински правец и ќе има стручни лица кои во иднина ќе го понесат товарот на развојот кон модерни техничко-технолошки текови.Од тие причини, АД ЕСМ ќе продолжи да го поддржува образовниот процес кој се одвива на ФЕИТ и кој продуцира носечки кадри за развој на нашата економија“.

М-р Ева Шуклева, генерална директорка на МЕПСО, по овој повод изјави дека компанијата веќе осма година учествува во стипендирање студенти на ФЕИТ.

„Процесот на стипендирање студенти го практикуваме од 2012 година. И денеска, осма година по ред, со финансиска поддршка при едукација на квалитетните кадри, праќаме директна порака до сите студенти дека ги следиме нивните резултати и ја цениме нивната работа и трудот што го вложуваат во образовниотпроцес. Неколкумина од досегашните стипендисти веќе се дел од колективот на МЕПСО и тоа треба да биде стимул за сите студенти.Интензивната соработка со ФЕИТ на повеќе полиња е потврда дека вратите на нашата компанија се отворени за соработка со научно-образовните установи. На новите стипендисти сакам да им посакам многу успех и да истакнам, работете и надградувајте се вредно и систематски. Ние знаеме да ги цениме ивалоризираме вашите резултати“.

За Сашо Стојкоски, член на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, креирањето млади стручни кадри е стратегиска цел на компанијата.

„Една од стратегиските цели на ЕВН е креирање на млади стручни кадри кои во иднина ќе бидат главната движечка сила во новите процеси во Енергетиката. Нашата поддршка на студентите на ФЕИТ се движи во три правци: доделување стипендии, овозможување на практична работа и можност за вработување. Од 2010 година досега, стипендија од ЕВН добиле над 40 студенти, речиси половина од нив работат во ЕВН а некои од нив веќе се дел и од раководните позиции во компанијата. Со иновативни проекти и платформи, ЕВН влијае врз промените во образовниот систем во земјава со што се овозможува подигнување на квалитетот и создавање кадри потребни на пазарот на трудот. Сето ова значи дека и во иднина, студентите по електротехнички науки ќе ја имаат поддршката на ЕВН“.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија