Нови земјотреси во Охрид, граѓаните се „тресат“ и од страв
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2017
Во 9:47 часот е регистриран нов земјотрес на тлото на охридско-ресенскиот регион.
Епицентарот бил 9 км северно од Ресен а се почуствувал во блиската околина која веќе не мирува во последните 48 часа воопшто.
Земјотресот бил со магнитуда од 2.7 степени по Рихтер а на длабочина од 2 километри.
Претходно земјотрес е регистриран во 8.36 часот кој бил посилен со 3.7 степени по Рихтер.
Тој е со епицентар 11 километри североисточно од Охрид и 5 км од Косел.
И во 7.01 часот е забележан земјотрес со интензитет од 2.6 степени по Рихтер јужно 11 км од Охрид.
Претходно во текот на ноќта се регистрирани помали земјотреси.
Во 5.59 часот имало земјотрес 14 километри западно од Ресен со јачина од 2.5 степени по Рихтер.
Пред тоа тлото се затресло во 5.17 часот и во 5.10 часот во раните утрински часови.
Овие земјотреси предизвикаа вознемиреност кај граѓаните кои ноќта ја поминаа под отворено небо.
Дали земјотресите во Охрид се предизвикани од активирањето на вулканот кај Косел?