08 Мај, 2024
0.0256

НОВИНСКИ АГЕНЦИИ СЕ ЗДРУЖИЈА ПРОТИВ ИНТЕРНЕТ ГИГАНТИТЕ: Бараат Гугл и Фејсбук да платат за авторски права

Објавено во: Свет 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Директорите на 18 европски новински агенции, потпишаа иницијатива за измена на законот за авторски права, со цел Фејсбук и Гугл да се обврзат дел од приходите да им платат на новинските агенции чија содржина сега бесплатно ја користат.

Европскиот парламент би требало на 12 септември, да се изјасни за тоа барање, односно да го уважи правото на издавач, вклучувајќи ги новинските агенции, интернет пребарувачите и веб сајтовите да им платат за содржините кои ги користат.

Како што се наведува во текстот на иницијативата, кој го форумулирал Франс прес, под името „Иднината на слободните медиуми е во раце на пратениците на ЕУ“, се наведува дека ЕП во Стразбур за неколку дена ќе гласа за нацрт законот кој треба да придонесе за исправање на нерамнотежата кога се работи за тоа дека „интернет моќниците“ практично ги крадат содржините на печатените медиуми и новински агенциии за да остварат  приходи од реклами.

Тоа, како што се оценува во текстот, е ситуација која ги уништува независните медиуми.

Со измената на законите остро се спротивставуваат на Фејсбук и Гугл, кои водат кампања заснована на лажна теза дека се работи за ограничување на слободниот пристап до интернет.

Слободата на пристап, меѓутоа, не се доведува ни во какво сомнение, стои во иницијативата.

Имено, како што објаснуваат европските новински агенции, Фејсбук и Гугл бесплатно користат огромна количина вести и прилози на печатените медиуми и агенции и на таа содржина привлекуваат што поголем број огласувачи.

Тие така добиваат толкав дел од рекламниот колач да воспоставуваат монопол остварувајќи 80 отсто приходите од огласувањата на интернет во 2017 година, со исклучок на Кина.

Според предложените измени на законот , тие ќе мора да делат еден дел од приходите со авторите на содржините.

Во иницијативата на новинските агенции се укажува на фактот дека постоечкиот закон датира од времето кога Гугл, Фејсбук, Јутјуб и паметните телефони не постоеле.

Се додава дека, печатените медиуми и агенциите вложуваат големи пари во производство на вести и нивните новинари, понекогаш со големи ризици, спроведуваат потфати за да се дојде до сеопфатно и точно известување.

Тие мора да издвојат значајни средства за бизнис онлајн.

Како што опаѓа продажбата на весници така нивната единствена надеж е во приходите со интернет, меѓутоа таму на дело ги гледаат „големите играчи“ кои ги берат плодовите на нивната работа бесплатно и лишувајќи ги од приходи.

Резултат на тоа е сиромашње на целата индустрија, драстичен пад на приходи од реклами во печатените медиуми ...

Однесувањето на  големите интернет играчи претставува опасност и по однесување и по демократија, се наведува во текстот.

Дали големците на интернет можат да обезбедат компензации за медиумите а да не бараат од луѓето да плаќаат пристап до интернет, како што тврдат дека би морале? Одговорот е јасен - ДА- наведуваат во текстот.

Фејсбук во 2017 пријави приход од 40 милијарди долари со профит од 16 милијарди, Гугл 110 милијарди приходи, од тоа профит 12,7 милијарди и кој може да каже дека тие не се во можност да платат чесно за содржините кои ги користат, се заклучува во текстот.


Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид