07 Мај, 2024
0.0247

НОВИТЕТ КАЈ НАС: Во Чешиново ориз се сее без вода

Објавено во: Македонија, Агробизнис 19 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Сеидбата на ориз без вода веќе е реалност во селото Чешиново.

Ова се применува во многу земји во светот, но кај нас е релативно ново. Ваквиот начин на работа може да значи предност за младите кои сакаат да произведуваат ориз. Традиционалниот начин на производство на ориз во Македонија е тешка работа и младите не се заинтересирани да го продолжат, нивите ги напуштаат, по што заминуваат во странство. Оние кои сеат ориз на овој начин, се надеваат дека нивното искуство ќе го практикуваат и другите, и дека процесот ќе се шири.

„Производството на Био-смарт оризот, односно сувата сеидба произлезе како сублимат на искуствата од експертите и нашите членови на здружението. Пред околу 5 години беше засадена првата парцела на систем „капка по капка” на парцела, која што е одвоена  од системот за наводнување. Парцелата беше само намокрена, а не и полевана. За целиот период имавме база на податоци и на количините на вода, како влезни инпути. Оризот на ваков начин од истите сорти кои ги садиме со полевање, обично се однесуваше и развиваше сосем нормално, а трошоците во однос на семе и вода беа намалени. Исто така, рачната работа ја заменивме со механизација. Сеидбата е машинска, како и третирањето на суво. Компонентата во оризопроизводството ја спроведува Здружението „Јадрена група за одржливо производство на ориз Оризова братимка” од Чешиново, користејќи експерти, како од дома, така и реномиран професор од Светскиот институт за ориз IRI од Манила – Филипини. Клуч на целиот проект е одржлив начин на производство на ориз во ланецот на маркетингот и продажбата, при што преку намалено и контролирано учество на инпутите во производството, да се намали штетното влијание на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот“, вели  Јорданчо Лефков, претседател на Здружението „Оризова братимка” од Чешиново.

Од оваа година сеидбата на суво ја пренесуваат и на полињата коишто ги саделе  на традиционален начин со полевање, при што парцелите со сува сеидба ги засадиле дваесетина дена пред да се пушти системот за наводнување. Во пролетниот период кога има влага во почвата, оризот може сосема нормално да никне и вегетира без вода, дури и до еден месец, без да има никакви последици за растението.

Сите агротехнички мерки, како сеидбата, фертилизацијата и заштитата се завршија со механизација, за разлика од традиционалниот начин, на којшто сите овие постапки оризопроизводителите ги прават во вода и рачно. Оваа година со сува сеидба беа засеани површини кај тројца членови од здружението и успешно се оствари производството со добар род, а деталните анализи сѐ уште се подготвуваат од страна на Институтот за ориз во Кочани, кој активно е вклучен во оваа работа. Од наредната година здружението планира да го прошири производството на сите триесет члена, пробно на околу 15 хектари, а овој тип на производство ќе биде сертифициран со препознатливо пакување.  Веќе имаме изготвено и маркетинг стратегија на здружението, за да овој наш производ директно од оризопроизводителите, контролирано да стигне до потрошувачите во Македонија, како квалитетна и безбедна намирница од наше потекло, со додадена вредност, без притоа да биде третиран и миксуван од откупувачите со ориз кој што не е со препознатливиот наш квалитет“, додава Лефков.

Во странство има вакви модели, но луѓето од Кочанско  развиле нивни модел и имплементирале нивни сознанија и практики. Производството на Био-смарт оризот кај нас е испробано во рамките на Проектот за зачувување на природата во Македонија, кој се спроведува неколку години во Брегалничкиот регион, финансиран до SDC, а координиран од Фармахем од Скопје.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта