НОВО ЖАРИШТЕ НА КОРОНА: Прогласија вонредна состојба
Објавено во: Свет 28 Февруари, 2020
На островот Хокаидо во Јапонија денес е прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на коронавирусот.
Гувернерот на Хокаидо, Наомичи Сузуки, вели дека вонредната состојба ќе трае сè до средината на март.
Ги повикал сите жители да останат во своите домови овој викенд бидејќи, како што изјавил тоа е критичното време кога се очекува ситуацијата да се влоши.
Хокаидо од петокот има 63 потврдени случаи на коронавирус, а двајца луѓе починаа.Вирусот се рашири во 40-тина земји во светот.