НОВА ГОДИНА: Еве кој ќе ги забавува скопјани за дочекот на 2016-та
Објавено во: Стил 17 Декември, 2015
Општина Центар организира дводневна новогодишна програма од околу три и пол милиони денари.
Планирано е за дочекот на 2016-та жителите да ги забавуваат Дубиоза Колектив и Кирил Џајковски.
Во рамките на манифестацијата 30 ти декември ќе настапат и Суперхикс, The Sound messengers, и Day off .
Во програмата е предвидена и новогодишна детска програма за најмалите жители.