02 Мај, 2024
0.0254

НОВОГОДИШНА ПОНУДА: Неограничени разговори и интернет со ОНЕ

Објавено во: Стил 10 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на новогодишните празници, ОНЕ нуди промотивна понуда во рамките на брендот за своите постпејд корисници.

 Сите корисници кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват веќе постоечкиот договор на некои од  тарифните модели во Mobile GO портфолиото добиваат можност за уште повеќе придобивки.

Така со Mobile GO М за месечна претплата од 799 денари корисниците ја добиваат можноста за неограничени разговори кон сите национални мрежи и вкупно 4GB интернет секој месец, а во тарифниот модел Mobile GО L за месечна претплата од 1499 денари добиваат неограничени разговори и 7GB мобилен интернет.

Дополнително корисниците ја добиваат можност да добијат одличен паметен телефон за 0 денари.

Оваа промотивна понуда е достапна за сите приватни и деловни корисници со договор склучен на 24 месеци.