Нудат да се преселите кај нив и даваат 5000 долари
Објавено во: Свет 07 Јуни, 2018
Една од најмалите држави во САД, Вермонт усвои закон со кој ќе се дозволи прилив на работници и нив ќе им плаќаат по 5000 долари годишно.
Оваа сума е за квалификувани работници кои сакаат да живеат на далечина.
Овие пари може да се потрошат за трошоци за селење, компјутерска опрема, интернет и слично.
Вермонт е мала држава со старо население и затоа преземаат вакви мерки.
За да се преселите мора да сте вработени, да можете да работите од дома и да се преселите таму на 1 јануари 2019 година.