Добивај вести на Viber
Зголемената популарност на храна во која меѓу состојките се наоѓа и екстракт на марихуана доведе до потреба за новиот производ кој го освои пазарот во Канада.
Кронотела настана како мешавина на Нутела и екстракт на марихуана или медицинска марихуана.
Пакувањето на Кронтела содржи околу 300 мг екстракт канабис. Комбинацијата на најпопуларнен намаз од лешник, какао и млеко со веројатно најпопуларната полулегална рекреативна дрога (барем во некои држави во светот) се покажа многу профитабилна.
Произведувачите на овој намаз стојат и зад производот Пиф, во кој наместо намазот од лешник, марихуаната ја комбинираат со путер од кикирики.