29 Април, 2024
0.0289

ОБЕЛЕЖАНА КАРИЕРА: Како дојде, а како ќе си замине Марко Зврлевски?!

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

21 Јануари 2013 година, во вечерните часови Собранието со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан, го избра Марко Зврлевски за нов Јавен обвинител. На оваа позиција дојде од скопското обвинителство, наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Четири години подоцна, почнува постапката за разрешување на Зврлевски, со тоа што од страна на Владата предводена од СДСМ е покрената инцијатива. Следни на потег се Советот на јавни обвинители кој треба да испрати мислење до Владата. Обвинителот Зврлевски непосредно по изборот во 2013 година беше регистриран на Ромскиот бал, во друштво на Сашо Мијалков, Никола Грувески и Амди Бајрам, по што не запреа коментарите за негова блискост со доскорешната власт предводена од Вмро-Дпмне. 

Кои случаи останаа “под клуч“ ?

На позицијата државен јавен обвинител, Зврлевски дојде како единствен кандидат што се пријави на огласот. Тогаш на адреса на Владата стаса позитивно мислење од страна Советот на јавни обвинители. 

“Пред претседателот на Собранието на Република Македонија дадов свечена изјава, заклетва дека при вршењето на функцијата јавен обвинител ќе постапувам само согласно Уставот, законот и ратификуваните договори и дека притоа ќе постапувам непристрасно, совесно и стручно. Ваква заклетва имав дадено и во 2009 година и оттогаш наваму се трудев да ги почитувам овие правила и принципи и се надевам дека ќе продолжам во таквото постапување“ -  изјави тогаш назначениот нов државен обвинител  Марко Зврлески.

Но, од самиот почеток неговата кариера ја следеа контраверзии

Во фиоката на јавниот обвинител беа досиеата “Македонска банка “ и “Актор“, случаи кои го привлекоа вниманието на јавноста, особено што во едниот , според тврдењата на медиумите, бил инволвиран и тогашниот премер Никола Грувески. 

Во случајот со “Македонска банка“, се појави аудио снимка според која  опозицијата го обвини тогашниот  премиер  Груевски дека земал кеш пари од контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини. Обвинитеството на Зврлевски оцени дека нема основ за покренување на постапка за случајот. 

“Во конкретниот случај нема основи на сомнение дека пријавениот превзел дејствија на влијание и дека за таквите дејствија примил некаква имотна корист. Доколку поминат десет години од извршување на кривичното дело, а во тој период не се преземе ниту едно процесно дејствие, во тој случај не може да се преземе кривично гонење“ – изјавија тогаш од  Обвинителство.“дообјаснувајќи : 

“Тоа значи дека кога е поминат овој рок јавниот обвинител нема никаков правен основ да превзема дејствија насочени кон проверки и истражување на било кој кривично правен настан, како што е и настанот  наведен во кривичната пријава, дотолку повеќе што и кога е поднесена кривичната пријава застареноста на кривичното гонење веќе е настапена“

 Во 2014 година исплива аферата “Актор“. Тогашната опозициска СДСМ тврдеше дека преку фирмата која го гради патот Демиркапија – Смоквица се изнесувале милионски суми во кеш. Обвинителот Зврлевски тогаш за “Фактор“ изјави дека обвинителството нема само немо да го следи случајот „Актор“

“До нас сеуште не стигнато известување од овие две институции. Законски прво треба да реагираат овие институции, па потоа постапува Јавното обвинителство. Но доколку до крајот на следната недела не добиеме известување, тогаш ние ќе покренеме постапка за случајот по допрен глас“  изјави тогаш за „Фактор“ државниот јавен обвинител. 

Случајот сеуште нема разрешница. Сметките на “Актор“ беа блокирани па деблокирани, со образложение дека не треба да се доведе во прашање функционирањет на фирмата. Сепак, за разлика од Македонија, овој случај е ставен  под лупа на ОЛАФ - Европската канцеларија против измама, со можност разрешница да се бара на меѓународен суд. 

Жестоки реакции имаше по најавата на Јавното обвинителство за изборни истраги во таргетирани градови како  Скопје, Куманово и Струмица. Дел од политичките играчи оценија дека со овој потег, Зврлевски потврдува дека упориште на, како што се посочувае, режимот на Грувески. 

“Јавниот обвинител, по којзнае кој пат, длабоко заглавен во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се реши парцијално и еднодимензионално да води истраги за криминал, корупција и изборни измами и тоа само во градовите Скопје, Струмица и Куманово. По овој чин, јасно е дека Зврлевски повторно бара криминал онаму каде што го нема, наместо да ги гони оние за кои цела јавност знае дека местеле и лажирале избори. Зврлевски мора да знае дека со овој потег ја потврдува реалната слика на контролираното судство и обвинителство во Република Македонија од страна на власта во заминување“ – регираа, меѓудругите, и од ЛДП. 

Зврлевски ги “премолчи“ политичките “бомби“ … 

Клучниот настан кој донесе историска пресвртница на политичката сцена – обелоденувањето на политичките “бомби“ од страна на СДСМ на некој остана незабележан од обвинителството. Јавното обвинителство не најде повод и причина да покрене обвинителен акт.  Од друга страна обвинителството на Зврлевски, врз основа на објавени прислушувани виде метаријали од премерскиот кабинет,  го отвори случајот “Поткуп“ во  кој Зоран Заев седна на  обвинителна клупа.

„Јавното обвинителство на Република Македонија е концепирано со закон, не сме политичко обвинителство. Со политички договор е формирано специјалното обвинителство и затоа го сметам за политичко“ – беше  една од изјавите на  Зврлевски, коменитирајќи го формирањето на Специјалното јавно обвинителство. 

Според СДСМ, токум Зврлевски бил тема на разговор меѓу поранешните министри Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески, пришто според објавените материјали, се разговара за местење на  одлука преку обвинителот. 

“Крвав четврток“ ….

По крвавите настани од 27 април во зградата на Собранието, на крајот од мај се огласи обивителството на чие чело е Марко Зврлевски. Соопшто дека и тоа ќе се вклучело во истрагата, откако пртходно биле спроведени истражни дејствиа и бил прибавен доказен материјал. 

“Основното јавно обвинителство Скопје од  досега прибавениот доказен материјал оцени дека во кривично правниот настан кој го истражуваше, потребно е во оваа фаза, согласно законските прописи, да се вклучи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи дел од преземените дејствија од страна на лица инволвирани во настанот се во месна и стварна надлежност на ова обвинителство“, беше наведено  во соопштението на Јавното обвинителство. 

Дел од напаѓачите и учесниците во насилието добија  условни казни за „учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”. Но она што сеуште е отворено прашање е  зошто нема  потези,  истрага или конкретни дејствија од страна на ОЈО што ќе дадат одговор дали водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ имаат вина на Крвавиот четврток кога заедно со демонстрантите влегоа во Собранието на Република Македонија.

Органите на прогонот не поведуваат никаква постапка против организаторите на протестите кои прераснаа во насилен упад во Собранието. Еден од организаторите и водачите на Иницијативата „За Заедничка Македонија“ вели дека никој не го повикал да разговара со него за случајот.

Зврлевски пред разрешување – реакции… 

На вчерашната владина седница беше  иницирана процедура за смена на обвинителот Марко Зврлевски . Бил  донесен заклучок да се побара мислење од Советот на јавни обвинители. Ова следува откако премиерот Зоран Заев уште во првата изјава по назначувањето на функцијата,  јавно го повика Зврлевски да си даде оставка. 

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ врши голем притисок врз Јавното обвинителство, оценувајќи дека  веќе се покренуваат политички хајки, особено за случајот со насилствата на Крвавиот четврток.

“ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира пренесувањето на предметите поврзани со 27-ми април од Основното јавно обвинителство во Обвинителството за гонење на организиран криминал, но нема да одмолчи политички мотивирано и непринципиелно постапување“. ВМРО-ДПМНЕ апелира Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување. Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност“ – изјави  Невенка Стаменковска д Вмро-Дпмне.  

Според процедурата, Владата предлогот за разрешување ќе го достави до Собранието откако ќе обезбеди мислење од Советот на јавни обвинители. Законот предвидува дека во максимален рок од 30 дена Советот на јавни обвинители треба да достави мислење, кое според експертите сепак, не е обрзувачко со што псотапката за разрешување може да се спроведе. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце