05 Мај, 2024
0.0244

Објавен повикот за бескаматни кредити од 31 милион евра

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Развојната банка на Република Северна Македонија денеска го објави јавниот повик за бескаматни кредити со фонд од 31 милион евра, преку кој се очекува да им се помогне на 2.000 домашни претпријатија полесно да ја поминат ковид-кризата со плаќање на нула камата. Од оваа сума, 30 милиони евра се обезбедени од Европската унија преку ИПА-програмата

- Може да учествуваат сите микро и мали претпријатија, трговци-поединци и занаетчии. Тоа се 2,5 пати повеќе средства за финансисрање на тековните трошоци и поголема ликвидност на претпријатијата во однос на претходните бескаматни кредитни линии. Очекуваме на повикот да аплицираат 2.000 субјекти, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Кире Наумов, директорот на Развојна Банка, рече дека почетокот за доставувавње на барањата е закажан за  16 декември од 00.00 часот, а повикот ќе трае 14 дена. По затворањето на повикот, барањата ќе се обработуваат хронолошки, а кредитите ќе се даваат по принципот „Прв дојден прв услужен“.

- Сите домашни субјекти треба да имаат пад на приходите од април до август за 20 отсто во однос на минатата година. Кредитите ќе треба да се вратат за три години а грејс периодот е шест месеци. Минимален износ е 3.000 евра, а максималниот 5.000 евра за трговец-поединец и занаетчија и 15.000 евра за мало и микро претпријатие, рече Наумов.

Ќе има и кредити со грант компонентата од 30 отсто, за претпријатија управувани од жени, млади до 29 години, извознички фирми чии приходи од странство се најмалку 50 отсто и тие од зелена економија, односно кои работата на полето на модернизација, дигитализација и иновации.

Евроамбасадорот Дејвид Гир наведе дека доделените 30 милиони евра за оваа најголема досега бескаматна линија е доказ дека Европската унија е најголем помагател на Северна Македонија.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години