Обвинетите во „Монструм“ велат дека вистината ќе излезе на виделина
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017
Обвинетите во случајот „Монструм“ денеска дојдоа во Кривичен суд.
Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута се пријавија во судот, како доказ дека нема да избегаат. Пред десетина дена Врховен донесе одлука да се бранат од слобода.
Азири тврди дека немаат намера да бегаат и дека немаат никаков контакт со двајцата првообвинети, Алил Демири и Асмир Исмаиловиќ, кои се во бегство во Косово. Тој вели дека вистината ќе излезе на виделина.
Целата постапка за случајот „Монструм“ ќе се повтори.