02 Мај, 2024
0.0263

Очекувано: Советот за безбедност го номинира Гутереш за генерален секретар на ОН

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН) едногласно го номинира поранешниот португалски премиер Антониу Гутереш за следниот генерален секретар на организацијата, пренесе Ројтерс.

Решението е целосно очекувано, откако вчера постојаните претставници на земјите членки на СБ објавија дека се здружиле околу ликот на Гутереш за тоа кој да биде следниот лидер на организацијата.

Се очекува Генералното собрание, во кое влегуваат 193 земји, да гласаат за неговата номинација следната недела. Мандатот на Гутереш ќе започне на 1 јануари 2017 година. 67-годишниот Португалец и поранешен врховен секретар на ОН за бегалци ќе го замени Бан Ки Мун, кој помина два мандата на чело на организацијата.

Претходно денеска, сегашниот лидер Бан Ки Мун го одобри изборот на негов наследник.

- Го знам многу добро г-дин Гутереш и сметам дека тој е одличен избор, рече Бан во Рим, каде што се состана со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Вчера Гутереш беше поддржан од 13 земји членки на Советот за безбедност, а други две се воздржаа. Се смета дека една од овие две земји е Русија.


Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место