29 Април, 2024
0.0439

Од 10. октомври ќе нема црногорска и словенечка музика

Веќе е познато дека од 20 септември, ЗАМП забрани емитување на македонската музика, а од 1 октомври е забрането и емитување на српска музика по барање на српската агенција СОКОЈ.

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Здружениjата за заштита на авторски музички права на Црна Гора - ПАМ и на Словенија - САЗАС забранија користење на авторски музички дела од нивниот репертоар, соопштија денеска од ЗАМП. 

- Ве известуваме дека на седница на Управниот одбор на организациите ПАМ -Црна Гора и САЗАС - Словенија е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија. Забраната стапува на сила почнувајки од 10.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на СОКОЈ, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет, се додава во соопштението.

Веќе е познато дека од 20 септември, ЗАМП забрани емитување на македонската музика, а од 1 октомври е забрането и емитување на српска музика по барање на српската агенција СОКОЈ.

ЗАМП и Министерството за култура се во тивка војна која се води преку соопштенија и речиси и да нема никакви изјави надвор од утврдените позиции за медиумите иако на повеќе наврати се обидовме да добиеме конкретен одговор.

Од ЗАМП и понатаму тврдат дека неосновано се оцрнува нивната работа и се прават обиди да им се одземе лиценцата.

- Зошто Министерството и понатаму ја замајува јавноста? Забраната што ја донесоа авторите која, повторуваме, не е популарна мерка, произлегува токму од неприкосновеното нивно право да дозволат или да забранат емитување на нивните дела. Според тоа, таа е јасна, разбирлива и целосно кореспондира со авторското право. Авторите, кои се најзаинтересирани да се користи нивната музика, бидејќи само на тој начин ќе остваруваат приходи, свесно се откажаа од приходите што ги остваруваат од јавното изведување на нивна музика за да го изразат својот револт и несогласување со потценувачкиот и деградирачки однос што им го наметнува Министерството за култура преку фаворизирањето на тарифникот на СОКОМ МАП, посочија од ЗАМП.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце